Енергетската ефикасност и заштитата на животната средина – приоритети во работењето на Општина Центар

Општина Центар/ Фото: Слободен печат

 Енергетската ефикасност и заштитата на животната средина се еден од главните приоритети изминатите години во работењето на Општина Центар.

– Заложбите на општинското раководство се зголемување на парковското зеленило и зелениот фонд во општината секаде каде што тоа е можно, што е видливо и од досега усвоените планови, каде како обврска, покрај задолжителниот паркинг, се наведува и обврската за вметнување на 20% зеленило во секоја градежна парцела, соопштуваат од Општина Центар.

Од општинската прес-служба информираат дека на последниот повик за реконструкција на кровови на колективни станбени објекти на подрачјето на Центар, за оваа година биле избрани проектите за 25 кровни конструкции и лифтови. Посочуваат дека со реализацијата на последните проекти, во соработка со жителите од зградите се поставуваат современи и енергетски ефикасни кровови, а вкупната бројка за изминатите три години изнесува 77 поправени кровови и лифтови.

Оттаму потенцираат дека општината во моментов работи на изготвување проектна документација за поставување на фотоволтаици во сите основни училишта во општината, со што, како што велат, значително ќе им се намалат сметките за струја и греење во зимските месеци, а ќе се подигне степенот на заштитата на животната средина.

– Досега енергетски ефикасни фасади и покриви, покрај новото ООУ „Киро Глигоров”, се поставени во основните училишта „Димитар Миладинов” и „Гоце Делчев”, но и во детските градинки „Р.Ј. Корчагин” – објект Пепелашка, кој беше целосно реконструиран во соработка со Проектната единица на Министерство за финансии и МСИП проектот, финансиран преку Светската банка, посочуваат од општината.

– Зелената еко зона, која се наоѓа на скверот Јадран, а е проект на невладината „Go Green”, во соработка со Центарот за развој на скопски плански регион, а финансирана од општината и Амбасадата на Швајцарија во РСМ, во рамки на Проектот за одржлив и инклузивен рамномерен развој преку Швајцарската агенција за развој и соработка, многу наскоро ќе биде достапна за користење на граѓаните. На скверот се поставени нови бехатон и гранитни плочки, три нови смарт клупи, обновено е зеленилото и поставена е нова урбана опрема. Заложбите за намалување на загадувањето на воздухот, паметното користење и заштеда на енергија, вклучително и заштитата на животната средина се видливи и од секојдневните активности на општината поврзани со одржувањето на хигиената на уличната мрежа, но и со замената на оштетеното и исушено парковско зеленило, кое е под општинска надлежност, се вели во соопштението на Општина Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот