Енергетска криза во светот: Кина бара спас од САД, Европа крои планови да се ублажи болката од растот на цените

Енергетски систем / Фото: МИА

Кинеската енергетска криза се продлабочи во петокот, кога цените на јагленот достигнаа рекордно високо ниво, при што ги натера големите енергетски компании да бараат долгорочни договори со американските добавувачи, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на свои извори.

Енергетската безбедност се искачи на врвот на владините агенди во Азија и Европа, како последица на недостигот на јаглен и високите цени на гасот кој предизвика прекин на електричната енергија и ги задуши фабриките што снабдуваат брендови како што е Епл, токму кога глобалната економија повторно се буди од ограничувањата за коронавирус.

Кина, најголемиот извозник во светот, беше особено тешко погодена и за да го премости јазот, големите енергетски компании како што се Синопек и Кинеската национална нафтена компанија (CNOOC) се во напредни преговори за долгорочни договори со американски извозници на течен природен гас, велат извори за Ројтерс.

Дискусиите може да доведат до зделки вредни десетици милијарди долари, што би означило пораст на увозот на кинески ЛНГ од САД во време кога односите меѓу двете земји се се уште напнати. Во екот на кинеско-американската трговска војна во 2019 година, трговијата со гас накратко застана.

„Како државни претпријатија, сите компании се под притисок да ја задржат безбедноста на снабдувањето и неодамнешниот тренд на цените длабоко ја смени сликата за долгорочни залихи“, рече трговец од Пекинг.

Во удар на борбата против глобалното затоплување, Кина и другите земји се свртеа кон јаглен на краток рок. Пекинг, исто така, презеде низа мерки за да го спречи зголемувањето на цените, вклучително и зголемување на домашното производство на јаглен и намалување на понудата за индустриите кои се желни за енергија.

Кина ги увери потрошувачите дека снабдувањето со енергија ќе биде обезбедено за зимската грејна сезонa.

Нафтата постојано се накачува

Претседателот на Русија, Владимир Путин оваа недела и рече на Европа дека Русија, најголемиот снабдувач на гас во регионот, може да обезбеди повеќе гас доколку се обратат, но некои европски политичари ја обвинуваат Москва дека ја користи кризата со гориво за потпора, обвинение што Русија го негира.

Цените на нафтата во петокот повторно пораснаа и се искачија највисоко од 2014 година, близу 85 долари за барел.

Полскиот министер за клима рече во петокот дека владата ќе им обезбеди субвенции на потрошувачите дополнителни 1,5 милијарди злоти (380 милиони американски долари) за да ја ублажат болката додека растат цените на мало.

Германија потврди дека го намалува дополнителниот надомест за зелена енергија на сметка на потрошувачите за да помогне во плаќањето на сметките на домаќинствата.

Европските големопродажни цени на природниот гас најверојатно нема да се вратат на „нормалните“ нивоа пред 2023 година, предупреди холандската банка АБН Амро.

Норвешка, вториот по големина снабдувач со гас во Европа, е меѓу победниците во енергетската криза, објавувајќи рекорден трговски суфицит за 28% до 53,7 милијарди норвешки круни (6,37 милијарди долари) минатиот месец благодарение на зголемените приходи од продажба на гас, покажаа официјалните податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот