Енергетска фасада на градинката „Сончоглед“ во Кисела Вода

Детска градинка. / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во тек се градежните активности за енергетска обнова на градинката „Весели цветови“, објект „Сончоглед“ во Кисела Вода.

Од Општината информираат дека се работи на замена на фасадата со нова, термоенергетска. Средствата за реализација на овој проект во висина од над 4 милиони денари се донација од Цементарница Усје АД Скопје, обезбедена преку Секторот за локален економски развој на Општина Кисела Вода.

Паралелно, во тек е и тендерската постапка за избор на изведувач за замена на надворешните и на внатрешните прозорци и врати во овој објект. Овие средства, како што се наведува, се добиени од Владата преку Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2021 година. Се работи за износ во висина од 1. 781.552 денари.

Објектот „Сончоглед“ е лоциран на улицата „Локов“ во населбата Кисела Вода. Изграден е во 1974 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот