Ендрус: Мелбурн повторно под карантин, ситуацијата е покомплицирана од претходно

Фото: EPA-EFE/DANIEL POCKETT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Мелбурн, вториот по големина град во Австралија, повторно ќе биде ставен под целосен карантин поради зголемување на случаите со коронавирус, изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрус.

Како што пренесуваат светските агенции, повторното воведување на ограничувањата за излегување од дома ќе биде за шест недели.

– Ситуацијата со коронавирусот сега е покомплицирана од пред неколку месеци, рече Ендрус, потенцирајќи дека „мора да се преземат строги мерки за да се избегне трагедија”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот