Ендокринолозите тврдат: Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес!

Дијабетесот тип 2 предизвикува проблеми со производството на инсулин, а како резултат на тоа, шеќерот во крвта може да порасне на ризично ниво. Ако состојбата не се лекува правилно, може да доведе до оштетување на нервите, па дури и срцев удар.

Појадокот може да има значително влијание врз намалувањето на нивото на шеќер во крвта, велат ендокринолозите. Освен што е важно она што се јаде, важно е и во кое време се појадува.

Една студија покажала дека луѓето кои појадуваат рано имаат помал ризик да развијат дијабетес тип 2. Притоа било утврдено дека првиот оброк во денот треба да се зема пред 8:30 часот. Луѓето кои појадувале рано имале пониско ниво на шеќер во крвта и пониска инсулинска резистенција од оние кои првпат јаделе по 8:30.

Како треба да изгледа првиот оброк за дијабетичари?

Пред оброкот, а веднаш по станувањето, би било добро да испиете голема чаша вода. Потоа следува оброк од внимателно избрани намирници.

Менито вклучува јајца, леб без глутен и салата од кисела зелка и динстан зелен зеленчук.

Ако сепак ви се јаде нешто слатко, направете смуди од јогурт со пробиотици, овесна каша и бобинки.

Јајцата би требало да бидат дел од исхраната, но најдобро е да ги готвите без додавање сол или маснотии. На пример, варени или печени, без додадена сол, изматени без путер и наместо кисела павлака и полномасно млеко користете млеко со малку маснотии. Избегнувајте пржени јајца, бидејќи тоа може да ја зголеми содржината на маснотии за околу 50 отсто, нагласуваат ендокринолозите.

Овесот е, исто така, одличен избор за дијабетичарите. Овесната каша има низок гликемиски индекс, па помага во одржувањето на нивоата на гликоза. Овесната каша е богата со влакна, што значи дека може да ја забави апсорпцијата на шеќерот во крвта, да го олесни варењето и да се бори против гладот ​​до крајот на денот.

Овошјето, исто така, може да биде одлична опција за појадок. Исхраната што содржи доволно овошје може да го намали шеќерот во крвта, да го намали ризикот од дебелина, срцев удар и мозочен удар. Плодовите имаат многу влакна и хранливи материи, што ги прави одличен избор за првиот оброк во денот. Додадете јогурт и малку јаткасти плодови кои ќе ви помогнат подолго да се чувствувате сити.

Ендокринолозите нагласуваат – наместо бел леб, одлучете се за интегрална верзија како што е лебот со семки од тиква, житарки, соја и ленено семе. Таквиот леб е многу подобар избор за дијабетичарите, но и за здравјето на дигестивниот систем.

Ваквиот оброк, освен тоа што е одличен за луѓето што страдаат од дијабетес тип 2, добар е и како превенција, па затоа се препорачува за сите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот