Енди Мареј се враќа во Синсинати!?

twitter.com/livetennis

Шкотот игра во парови во последно време, откако ја освои титулата во Квинс со шпанскиот ветеран Фелисијано Лопез. Мареј, кој се здружи со Серена Вилијамс во мешани двојки на „Вимблдон”, каде стигна до третото коло, утре ќе игра заедно со неговиот брат Џејми во Вашингтон.

После операцијата за замена на колкот, 32-годишниот тенисер неодамна одби да прецизира кога ќе се врати во сингл.

Но, тој навести дека може да учествува на подготвителните турнири пред „УС” и може да биде подготвен навреме за Синсинати, кој започнува на 11 август.

– Јас сум поблизу отколку што мислев. Во најдобар случај ќе се вратам во Синсинати. Ако не влезам на турнирот, тогаш веројатно ќе почекам по завршувањето на „Ју Ес Опен” затоа што не би сакал мојот прв турнир да биде во 3 од 5 сетови – рече Мареј.

Тој, исто така, призна дека контактрал со легендата Боб Брајан, кој се подложи на операција на замена на колкот на 40 години, со прашања во врска со времето за закрепнување од овој вид на интервенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот