17.8 C
Скопје

Енди Мареј по тенисот ќе се префрли на нов спорт

Шкотскиот тенисер и трикратен грен слем шампион, Енди Мареј, ги изненади сите фанови изјавувајќи дека по успешната тениска кариера, сака да се испроба и во некој друг спорт.
Еден од најдобрите тенисери во последните десетина години, призна дека нема ништо против поактивно да се вклучи во фудбалот, но сепак еден друг спорт му претставува најголем предизвик, голфот.

– Имам компанија која се занимавма со менаџмент и работи со млади спортисти. Тоа ќе биде уште еден предизвик за мене, но од друга страна сметам дека ќе биде забавно да се испробам и во некој друг спорт, а тој да не биде тенис. Сакам спортистите да одат по вистинскиот пат, а не како јас кој направив многу грешки и мислам дека со моето искуство можам да им помогнат на другите. Голфот ми е најголема страст и го сметам за возбудлив. Не би било лошо да бидам кеди (носач на палки н.з.) на голф турнирите. Мислам дека има доста сличности со тенисот, пред се тука мислам на психичкиот аспект бидејќи и двата спорта се индивидуални. Можеби со своето искуство би бил од корист – изјави Мареј.

Поврзани вести

Димитриевски и Рајо Ваљекано се враќаат во шпанската „Ла Лига“

Слободен печат

ВИДЕО: Имаат гол-разлика 32:0, кога последен пат се затресе мрежата на Италија?

Слободен печат

Барселона во сè полоша ситуација, a Лапорта најави уште неколку засилувања!?

Слободен печат

Ивановски со бронза од Кипар и нов државен рекорд – на потег се МОК и Атлетската федерација!

Слободен печат

ФОТО: Македонските репрезентативци тренираа на „Јохан Кројф“ Арената

Слободен печат

Ракометарите убедливо загубија на вториот тест со Србија

Слободен печат

Остави Коментар