17.8 C
Скопје

Енди Мареј по четврти пат стана татко

Поранешниот прв тенисер на светот, Енди Мареј, го откажа учеството на турнирот во Дубаи кој се игра од 14. до 20. март. Причината за отказ е бидејќи Енди Мареј и неговата сопруга Ким Сирс, утринава по четврти пат станаа родители.
Ким и Енди имаат две ќерки, Софија (5) и Еди (3) и синот Теди (2), а сега не го открија полот на четвртото дете.
Мареј првично планираше да настапи на турнирот во Дубаи за да поправи формата во обидот да се врати на врвот на АТП ранг листата. Сепак, одлучи да биде покрај сопругата и децата и кам-бекот на терените го одложи најверојатно за Мастерсот во Мајами кој започнува на 24. март.
Оваа година, Енди Мареј настапи на два турнури и има скор од една победа и два порази. На турнирот во Монпелје загуби од Белорусинот Егор Херасимов, а на турнирот во Ротердам, прво го победи Робин Хасе по што загуби од Андреј Рубљов.

Поврзани вести

Димитриевски и Рајо Ваљекано се враќаат во шпанската „Ла Лига“

Слободен печат

ВИДЕО: Имаат гол-разлика 32:0, кога последен пат се затресе мрежата на Италија?

Слободен печат

Барселона во сè полоша ситуација, a Лапорта најави уште неколку засилувања!?

Слободен печат

Ивановски со бронза од Кипар и нов државен рекорд – на потег се МОК и Атлетската федерација!

Слободен печат

ФОТО: Македонските репрезентативци тренираа на „Јохан Кројф“ Арената

Слободен печат

Ракометарите убедливо загубија на вториот тест со Србија

Слободен печат

Остави Коментар