Ен-Пи-Ар: САД во другите земји досега испорачале 110 милиони дози вакцини

Вакцинирање/Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

САД се на пат да испорачаат 110 милиони дози вакцини против коронавирус до повеќе од 50 земји како Авганистан или Замбија, и овој рекорд денеска ќе биде соопштен од претседателот Џо Бајден, јави денеска Ен-Пи-Ар. 

Сепак, овие донации на вакцини од САД се само прв чекор од планираните 11 милијарди дози потребни да се вакцинира 70 отсто од светската популација со што пандемијата ќе биде победена, како што сметаат во СЗО. 

Извештајот на националното радиото посочува дека испораката на милиони дози вакцини е „херкуловска задача” за Администрацијата на Бајден. Дека е потребна комплексна логистика, организација и комуникација со властите на сите тие земји.  

Исто така, постојат правни или законски пречки за такви софистицирани медицински производи како Ковид-19 вакцините. Дозите мора да бидат дистрибуирани пред истекувањето на нивнио рок, во климатизирани пакувања да не се расипат. 

-Во некои земји регулативата е таква што испораката треба да биде одобрена од националните парламенти, тоа е комплицирана логистичка вежба, но сметам дека целосно успеавме во напорите ова да го изведеме, изјави Гејл Смит, координаторка од Стејт депратментот за глобален одговор на Ковид-19. 

Испораката на првите 100 милиони дози ги отсликува напорите на Бајден САД да станат „главниот светски арсенал на вакцини”, и се увертира за стотиците милиони дози што САД ветија да ги испорачаат до крајот на 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот