4 C
Скопје

Ен Хатавеј прозборе за животот во изолација и за сите предизвици што ги донесе пандемијата

Не е новост дека славните холивудски актери живеат поинаков живот од останатите луѓе во светот. Но, коронавирусот нè „фати“ сите неподготвени на ист начин.

Актерката Ен Хатавеј (38) е позната по тоа што не открива многу детали од нејзиниот приватен живот. Познатата оскаровка има два сина, Џонатан и Џек со Адам Шулман.

Неодамна во интервју за австрискиот магазин „Stellar“, таа се отвори за мајчинството и предизвиците што пандемијата на коронавирусот ги донела во нејзиниот живот.

Instagram
Instagram

На прашањето кој е нејзиниот најголем предизвик како мајка, актерката имаше најискрен одговор.

Најголемиот предизвик за време на карантинот? Може да псујам? Посраните алишта за перење“, се шегуваше актерката.

Ен Хатавеј вели дека не сака да ги претставува работите како предизвик затоа што смета дека тогаш и така гледаме на нив. Таа сподели дека како мајка пронашла тон нови можности.

Прочитајте и...  Памела Андерсон ги напушта социјалните мрежи: Нема да заработувате пари на мене!
Instagram
Instagram

Постои одредена брзина и тешкотија во учењето нови работи. Не треба да се осудувате премногу, особено на почетокот кога имате чувство дека сè што правите е погрешно. Но, секако не станува збор само за предизвик“, вели Ен, додавајќи дека за време на карантините сфатила дека начинот на кој живееме и сакаме е она по што другите ќе нè паметат.

Instagram
Instagram

Актерката зборуваше и за начинот на кој мачинството влијаело на нејзиниот живот и кариера.

Сакам кога сè е едноставно. Денот започнува со список – дали Џонатан дише, дали е здрав, дали расте, дали е успешен. Ако добијам четири позитивни одговори, тешко дека ќе ми се наруши денот“, вели Ен.

Прочитајте и...  Ново истражување ја открива причината за смртта на сивите китови во Пацификот

Среде пандемијата на коронавируси, Ен објасни дека таа и нејзиното семејство сепак уживале поминувајќи квалитетно време заедно.

Поврзани вести

По скандалот со канибализам: Елизабет Чемберс, поранешната сопруга на Арми Хамер сака само нормален живот

Слободен печат

Вкусови што се памтат: Француска кујна – Тарт фламбе

Слободен Печат

Откриени остатоци од најголемото животно кое некогаш одело по Земјата

Слободен печат

ФОТО: Што се случило со лицето на Деми Мур?

Слободен печат

Кулинарски тајни: Како да приготвите меки и сочни шницли?

Слободен печат

До убава и негувана кожа со мудроста од времето на династијата Чосон

Слободен Печат

Остави Коментар