Земјотрес со јачина од 2,9 степени по Рихтеровата скала, според инструментите на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора, е почувствуван попладнево на 17 километри северно од Подгорица и на длабочина од 10 километри.
Јачината на магнитудата, пак, според Ецвропско-медитеранскиот сеизмолошки центар, била три степени по Рихтеровата скала.