Емре Џан од Јуве на позајмица во Борусија Дортмунд! (ФОТО)

Дортмунд го чекаше овој потег во зимскиот преоден рок после разделбата со Јулијан Вајгл (во Бенфика) и Пако Алкасер (во Виљареал).

Играчот од средниот ред на Јувентус, Емре Џан на последниот ден од зимскиот преоден рок одлучи да замине на позајмица во Борусија Дортмунд.

Ќе биде позајмен во дресот на „милионерите“ до крајот на сезоната кога бундеслигашот ќе ја има опцијата за откуп на неговиот договор од 30 милиони евра.

26-годишниот фудбалер дојде во италијанскиот шампион од Ливерпул како слободен играч во 2018 година, но сезонава во Лигата на шампиониоте немаше ниту еден настап.

Дортмунд го чекаше овој потег после разделбата со Јулијан Вајгл (во Бенфика) и Пако Алкасер (во Виљареал).

Тоа е уште едно звучно име на „Вестфален“, после доаѓањето на норвешката гол машина Ерлинг Халанд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот