Емотивно видео од шпанска болница: Таксист кој бесплатно превезува пациенти пречекан со громогласен аплауз

Таксистот бил повикан да влезе во болницата за земе еден пациент, а потоа во болничкиот хол бил  пречекан со громогласен аплауз.

Здравствените работници во мадридската болница пријатно изненадиле еден таксист кој бесплатно превезува пациенти среде епидемијата од коронавирусот.

Таксистот бил повикан да влезе во болницата за земе еден пациент, а потоа во болничкиот хол бил  пречекан со громогласен аплауз.

Лекарите дури му дале и симболична сума пари за да ги компензираат неговите трошоци.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а го објави Синдикатот на таксистите во Шпанија.

За потсетување, Шпанија е една од најтешко погодените земји од епидемијата на коронавирусот во светот. Скоро 200.000 луѓе се заболени, а над 20.000 починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот