Емотивни фотографии од НОВОРОДЕНЧИЊА кои ќе ви ги насолзат очите: Првата средба меѓу родителите и бебето (ФОТО)

инстаграм

Многу родители ќе признаат дека за нив првата средба со нивното бебе била многу емотивна.

Во малото кебенце се крие прекрасно мало суштество со кое едвај чекате да започнете комуникација.

Во првите неколку недели ќе ве гледа со чудење додека вие му се смешкате, му правите гримаси и му зборувате.

И покрај вашето настојување да го забавувате дететото на почетокот тоа нема да може да ви возврати, туку само ќе ве надгледува.

Знаејќи колку е емотивната првата средба на родителот со штотуку роденото бебе австралиските фотографи Ривер Бенет и Бел Пангбурн се здружија во проектот „The First Hello“ за да го документираат едно од најубавите случувања во животот на секој родител: првата средба со бебето.

Првиот поглед, првата солза од радост, првиот допир, плач. На фотографијата подоле прегледајте ги прекрасните и емотивни фотографии.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот