Емотивна песна на пејачката Бојана Скендеровски: Тие се „круната“ на мојот живот! (ВИДЕО)

Фото: Промо

По подолга пауза на македонската музичка сцена со нова песна се враќа и познатата пејачка Бојана Скендеровски или пак ако сакате и Атанасовска.

Малку повозрасната публика и тоа како знае за Бојана, која пред десет години беше можеби една од најакативните пејачки на домашната сцена. Особено ја паметат по нејзиниот мега-хит „Во дилема“, на кој се појавија и Роберт Билбилов и раперот Тони Зен.

Овојпат нешто сосема друго, нов музички правец за кој е заслужен еден од најдобрите композитори во нашата земја, Николче Мицевски.

Фото: Промо

„Круна“ е името на нејзината песна, за која како кажавме како автор се потишува Николче, додека пак текстот е дело на Сара Пројковска. Таа беше промовирана вчеравечер (среда) во живо на фејсбук-страницата на Бојана.

– Да бидам искрена не беше лесно да се избере песна, бидејќи ова е мое враќање на македонската музичка сцена ако може да се каже така и сакавме со Николче да биде нешто навистина одлично. Преслушав и доста други песни од други композитори, но највеќе верував дека ова е песната со која треба да се вратам – изјавува Бојана.

Фото: Промо

За песната Бојана сними и видеоспот на кој работеше професонална екипа од продукцијата „Скендеровски“, а истиот се снимаше на неколку локации во Скопје. Она што е интересно, што покрај Бојана во спотот се појавуваат и нејзините деца, ќеркичката Искра и синчето Ѓорѓи.

– Кога на моите најблиски им кажав дека името на песната е „Круна“, нормално првото прашање беше од каде името и какво значење има. Круна на мојот живот се токму моите две деца и поради тоа симболично со Николче го одбравме тоа име за песната – објаснува познатата пејачка.

Таа вели дека ова е само почеток, бидејќи нејзините планови се да биде повеќе активна во полето на музиката, но нема да се откаже и од нејзината втора љубов, а тоа е работата како водителка на музички емсии.

Погледнете и уживајте:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот