Емотивна честитка: Северина му го честиташе роденденот на синот со специјален графит

Хрватската пејачка Северина  Којиќ денес го прославува најважниот датум во нејзиниот живот, раѓањето на синот Александар Поповиќ. По тој повод таа со емотивна порака на Инстаграм, му го честиташе роденот на синот, а фотографијата која ја објави ги воодушеви нејзините обожаватели. Имено Северина објави фотографија на која се гледа графит од нејзе  и Александар, на ѕидот од една куќа.
„Кога се роди паѓаше снег во Сплит. Кога се роди ти, се родив и јас. Твојата  слика привремено не смеам да ја објавам, но графитот кој стои на ѕидот од една куќа, кој тукушто го добив, сè уште не е забранет. Им благодарам  на добрите луѓе кои ми го пратија овој графит и му благодарам  на авторот….Среќен роденден, чудо мое“- таа напиша во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Фотографијата е објавена како видео снимка, а во позадина се слуша песната „Успаванка за дечака“, од Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина во петокот како резултат на компликации од корона вирус. Оваа песна е посебна за Северина, поради личната битка околу старателството за синот, а своевремено ја препеа и ја изведува на своите настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот