Емотивно писмо на Михајловиќ: Битката започнува

Синиша Михајловиќ ги шокира фудбалските фанови со изјавата дека боледува од леукемија. Српскиот тренер доби илјадници пораки со поддршка да издржи во битката со тешката болест.
Тој одлучи повторно да се обрати на јавноста, овој пат со писмо кое го објави „Газета дело Спорт“.

„Постојат моменти во животот кога ќе се сретнете со противникот, кога е тешко да го победите и да го решите проблемот. Дојдов до тој момент, но за среќа не сум сам, имам огромна поддршка. Во овие неколку дена добив многу пораки и позитивна енергија, која ми даде сила и сигурност дека ќе ја добијам битката против леукемијата. Сите пораки ги прочитав, за мене, тие претставуваат прегратки и ме допревте во срце. Беше тешко, се извинувам на сите што не одговорив. Решив вака да се обрата, преку „Газета“.

Ви благодарам на претставниците на клубовите за кои се борев како фудбалер и тренер, како и на тие на кои никогаш не бев член. Ви благодарам поранешни соиграчи, како и ривали со кои се борев во минатото. Ви благодарам и навивачи во сите бои и тие кои ме навредуваа. Од претседателот на државата до писмото во кое момче ми нацрта насмевка, сите сте важни. Ви благодарам уште еднаш, времето за солзи заврши, сега е време за борба. Се гледаме наскоро“, напиша Михајловиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот