Еминем, Снуп Дог, Др. Дре: Само големи ѕвезди дел од новиот филм „LA original“ (ВИДЕО)

Фото: Јутјуб/ Принтскрин

Еминем и Снуп Дог се само некои од познатите музички имиња кои се појавуваат во новиот трејлер за престојниот документарец на Нетфликс под наслов „LA originals“.

Во режија на Естеван Ориола емитувањето на филмот е најавено за 10 април, а се работи за истражување на знаменитистите на уличната култура.

Снимката која е објавена оваа недела содржи кратки делови од Снуп и Еминем, кои се сеќаваат на дружењето.

Покрај нив, на снимката се гледаат и Доктор Дре, Блинк-182 и Сајпрес Хил. Во филмот, покрај рапери, зборуваат и мајстори за тетоважи, кои ја истакнуваат културата на тетовирањето.

Па така, ќе можете да ја видите и првата тетоважа на Еминем од тату мајстор кој се појавува во филмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот