Емина Јаховиќ со емотивна исповед: Не ни знаев дека сум бремена, нешто не беше во ред со бебето

Instagram
Instagram

Пејачката Емина Јаховиќ (38) беше гостин во една емисија каде откри болни моменти својот приватен живот. Емина со јавноста сподели шокантни информации дека во една прилика изгубила бебе.

Instagram
Instagram

Пејачката откако некој период била во Белград, не знаејќи дека е бремена, кога се вратила во Истанбул доживеала спонтан абортус.

Завршував некои обврски во Белград и не ни знаев дека сум бремена. Открив дури кога се вратив во Инстанбул. Нешто не беше во ред со фетусот и го изгубив бебето. Доколку се случи, би сакала да имам уште едно дете и би сакала да биде девојче“, изјави Емина во емисијата „Balkanskom ulicom“.

Instagram
Instagram

Јаховиќ за прв пат прозборе за разводот со турскиот пејач Мустафа Сандал, раскажувајќи како реагирало нејзиното семејство на тоа.

Мајка ми и сестра ми беа особено против. Мајка ми навистина го сакаше Мустафа и добро се согласуваа. Во некои моменти ми се чинеше дека го сака повеќе од мене“, рече Емина.

Instagram
Емина со поренешниот сопруг Мустафа и децата / Instagram

Пејачката од бракот со Мустафа Сандал има два сина Јаман (12) и Јавуза (8). Тие многу слабо зборувале српски јазик, а Емина истакна дека навистина ѝ недостасува да разгова со своите синови на нејзиниот мајчин јазик.

Instagram
Емина со синовите / Instagram

Постариот син Јаман разбира и зборува српски, но многу слабо. Многу е смешен кога ќе почне да го зборува српски затоа што многу зборови ги изговара погрешно. Од друга страна, помладиот син Јавуз одбива да учи српски јазик и јас комуницирам со него исклучиво на турски јазик“, изјави пејачката.

Instagram
Instagram

Ми недостасува да разговарам со децата на течен српски јазик. Јас ги карам на српски, па затоа понекогаш кажувам и нешто што не треба. Тие секогаш го разбираат тоа“, низ смеа изјави Емина, додавајќи дека често e осамена во Истанбул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот