Емина Јаховиќ повторно си фати милионер, но веднаш се огласи преку социјалните мрежи! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Познатата пејачкаЕмина Јаховиќ ја раскина врската со турскиот бизнисмен Садетин Саран пред крај на минатата година, а сигурно не ни претпоставувала дека сегашното момче Салих Чечен ќе го запознае во истата вежбалница во која се родила љубовта меѓу неа и нејзиниот претходен љубовник.

Како што пренесуваат турските медиуми, популарната пејачка веќе неколку месеци ја крие врската со помладиот син на милионерот Ибрахим Чечен, сопственик на една од најголемите компании во Турција, а кој во малку нешта се разликува од нејзиното претходно момче.

Освен што бившиот и сегашниот партнер на пејачката се занимаваат со инвестиции и туристички вложувања, и двајцата се „тешки“ неколку милиони евра и секојдневно вежбаат во вежбалница.

Како што пренесуваат медиумите, Емина за новото момче ги информирала само најблиските, но бидејќи е бивша жена на најпопуларниот турски пејач Мустафа Сандал, не успеа тајната романса долго време да ја крие од јавноста.

Меѓутоа денеска пејачката преку својот профил на Инстаграм ги демантираше овие информации.

– Сите наслови и шпекулации околу мојата нова љубовна врска се невистинити. Благодарам на внимание – напиша Јаховиќ.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот