Емина Јаховиќ му прости на турскиот милијардер што ја остави поради младата глумица (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Емина Јаховиќ му прости на турскиот милијардер што ја остави поради младата глумица (ФОТО)

Ја молеше да му прости, ѝ велеше дека е вљубен само во неа и дека со ниедна друга го нема истото што го има со неа, открива извор близок до бизнисменот.

Емина Јаховиќ му прости на своето момче, турскиот милијардер Садетин Саран, кога пред неколку месеци ја остави поради друга жена. По кратката романса со глумицата Јелиз Шар, бизнисменот повторно тропнал на вратата на пејачката, а таа се согласила да се смири со него.

Турските медиуми пишуваат за љубовта на Емина и Садетин, а често се појавуваат нови детали од нивната врска. Пред извесно време објавија информација дека Саран раскинал со Емина поради друга жена.

Instagram

Познато е дека парот се раздели кон крајот на минатата година, по неколку месеци забавување, а причина за тоа наводно беа непремостливите разлики и различниот поглед на иднината. Емина тогаш за српските медиуми изјави дека веќе не сака брак, а тоа му пречело на бизнисменот. Сепак изгледа дека вистината е поинаква.

Instagram

Според пишувањето на турските портали, Садетин ја оставил Емина поради турската глумица Јелиз Шар.

„Потврдено е дека Саран имал афера со Јелиз. Меѓу другото тоа е причината поради која раскина со Емина. Тој е вљубен во неа и ја сака, но проработела хемијата со глумицата. Бидејќи не сакал да ја изневерува Емина, а и самиот бил збунет поради сè што го снашло, одлучил да ја остави Јаховиќ и да размисли за сѐ“, пишуваат турските медиуми.

Instagram

Како што наведуваат, Емина во тој период била очајна.

„По извесно време Садетин ѝ прати порака на Емина, се слушнаа, се видоа и таа реши да му даде втора шанса. Ја молеше да му прости, ѝ велеше дека е вљубен само во неа и дека со ниедна друга го нема истото што го има со неа. Сега се среќни, уживаат во врската и планираат заедничка иднина“, вели извор близок до бизнисменот за турските медиуми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close