Емина Јаховиќ мета на турските медиуми по наводен скандал во хотел

Instagram
Instagram

Се чини дека српската пејачка Емина Јаховиќ смета дека за неа не важат истите правила како за остатокот од светот…

Пејачката предизивкала скандал во Турција откако, наводно одбила да ја плати сметката за дополнителни услуги што ги користела во хотел во турското одмаралиште Гоџек, ниту, како што се наведува, им дала бакшиш на вработените.

Како што изјави една вработена во луксузното одмаралиште каде што престојувала Емина, пејачката сè уште не ги подмирила долговите кон хотелот, каде со години летувала со своето семејство.

Instagram
Instagram

Емина, како и секоја година, со своето семејство од Србија престојува во популарното летно одморалиште во Гоџек. Овој пат, Емина пристигна на одмор на крајот на летото, тука останаа неколку дена, уживаа во морето и сонцето и сè што нуди летниот одмор, но и хотелот. Сепак, оваа година ситуацијата не беше како сите претходни затоа што Емина ги стави сите вработени во хотелот во комплицирана ситуација“, изјавил за турските медиуми извор од хотелот во кој престојувала српската музичка ѕвезда со своето семејство.

Наводно пејачката сè уште не ги подмирила трошоците за дополнителните услуги што ги користела во хотелот.

Јадеа, пиеја и не платија ништо. Дури не им оставија бакшиш на хотелскиот персонал. Вработените во хотелот ја бркаа Емина за да им наплати и имавме многу проблеми со тоа“, вели изворот.

Instagram
Instagram

Јаховиќ сè уште не се огласи за гласините. Наместо тоа, пејачката директно се обратила до прекршочниот суд во Турција со барање да се забрани ширењето на веста „затоа што е понижувачка и ја нарушува нејзината репутација“, пишуваат турските медиуми.

Сепак, како што објави турскиот портал „Сабах“, судот го одбил нејзиното барање, затоа што проценил дека тоа ќе ја загрози „слободата на печатот“ во Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот