Емили Ратајковски покажа како се комбинираат фармерките и чизмите оваа есен (ФОТО)

Instagram

За Емили не може баш да се каже дека спаѓа во оние кои ги поместуваат границите и кои се предвесници на нови трендови, но секако е меѓу оние кои одлично ги носат актуелните хитови, додавајќи им секогаш некој свој „пикантен“ шмек.

Така на пример сакото и бундите секогаш ги комбинира со ултрасекси топови, кои ги откриваат нејзините совршени стомачни мускули.

Instagram
Instagram

Сепак, нејзините модни комбинации би можеле да послужат како модна библија на сите кои оваа сезона го носат најбараното во градот – фармерки и кратки чизми.

Profimedia

Бидејќи и оваа сезона исклучително се популарни фармерките со рамни ногавици, вовлекувањето во чизмите е минато и се носат модели со пократки ногавици кои одат над обувките.

Profimedia

Шпицот и потпетиците се задолжителни, а тоа го знае и Емили, која неколкупати покажала дека совршено знае да го одмери секој детаљ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот