Емил Рајковиќ ќе биде гостин предавач на задолжителниот тренерски семинар

Принтскрин/Твитер

Новиот тренер на ЦСКА Москва, Емил Рајковиќ ќе биде предавач на задолжителниот тренерски семинар што ќе се одржи на 9 јули во од 10 до 12 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, објави КФСМ.

Покрај Рајковиќ, на семинарот предавање ќе одржи неговиот долгогодишен асистент Сашо Тодоровски.

Во последните неколку години Рајковиќ бележи одлични резултати во реномирани лиги, и неговото предавање ќе биде на темата „Основи на периодизација и техничко-тактички вежби во подготвителен период.

Подготовка на екипата во 6-7 неделен период до официјален старт на сезоната“. Присуството на семинарот е задолжително и е условно за добивање на лиценца за наредната натпреварувачка сезона 2022/2023.

По завршување на предавањето кое се планира да биде околу два пати по еден час, ќе се одржи планираното годишно собрание на ЗКТМ, со точки на дневен ред кои дополнително ќе бидат потврдени.

Видео на денот