Емил Рајковиќ најдобар тренер во ВТБ Лигата

Емил Рајковиќ е прогласен за најдобар тренер во силната ВТБ Лига. Рајковиќ минатото лето го презема казахстанскиот тим Астана и направи вистински бум во квалитетната лига која ја сочинуват екипи од Русија, Белорусија, Естонија, Казахстан, Летонија и Полска, во регуларниот дел од сезоната заврши на шестото место и за прв пат откако е дел од ВТБ Лигата, обезбеди пласман во плејфот.

Екипата на Астана под водство на поранешниот тренер на Фени Индустри, Работнички и МЗТ Скопје оствари рекордни 15 победи, но во плејофот е елиминиран од Химки .

По прв пат во историјата на лигата, клубот има позитивна кош-разлика, а нашиот тренер им го зема „скалпот“ на најсилните тимови во лигата како што се Уникс, Локомотив Кубан и Зенит. Покрај одличниот настап во ВТБ лигата, Рајковиќ со Астана сезонава го освои трофејот во националниот куп, а исто така е и најголем фаворит за освојување на титулата во домашниот шампионат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот