ВИДЕО | Емил Павлов за УБ: Имам големи шанси за А-норма и пласман на ОИ во Токио

Светската карате федерија му посвети видео на најдобриот македонски каратист на сите времиња, Емил Павлов. Тие на социјалните мрежи споделија видео од поенот со кој Павлов стигна до европската титула.

И Комисијата за избор на спортист на годината на Општина Штип му оддаде признание и по шести пат го избра Павлов за спортист на годината на овој град.

Она што го очекува Павлов е тешка година во која главна цел е остварување на А-норма и пласман на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, каде ќе се обиде да и донесе прв медал на Македонија од игрите по пауза од 21 година и бронзата на Могамед Ибрагимов во Сиднеј.

Гостин во „Утрински брифинг“ беше Павлов за кого ова признание претставува голема чест и додава дека наградата е признание за освојувањето на златниот медал на Карате 1 Премиер лигата во Салзбург, Австрија.

– Сите награди имаат поддеднакво значење, но сето тоа е поради пожртвуваност и работа, но секако претставува и голема мотивација да продолжам со она што го работам. Ме радува што после секој мој голем успех, расте бројот на запишани дечиња во школите за карате. Има сè поголема заинтересираност, но не само поради мојот успех, туку и заради тренерите. Градоначалникот на Штип и поранешен каратист, Сашко Николов, се надевам дека повеќе ќе се вложи и ќе го направи спортот уште попопуларен, вели Павлов.

– Можам да кажам дека имавме тешка година. Скоро сите големи натпреварувања беа откажани, но што е тука, тука е. На оваа корона состојба се фокусирав на подобрување на моите техники, санирав неколку повреди. Сега се чуствувам подготвен и со нетрпение очекувам да започнат натпреварите, вели Павлов.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот