Емануел Макрон губи четири поени на популарност

Популарноста на премиерот Едуард Филип е исто така намалена за три поени, од 36 на 33%.

 Вкупниот број на испитаните французи кои се незадоволни од Претседателот Емануел Макрон се зголеми за три поени, на 68%, јавува дописникот на МИА.

Популарност на Емануел Макрон се намали за четири поени во јануари на 30% од 34% во декември, според анкетата на „Ифоп” за „Журнал ди Диманш”.

Односно вкупното незадоволство од претседателот Емануел Макрон се зголеми за три поени на 68%.

Рејтингот на популарност на шефот на француската држава го достигна најниското ниво од 23% во декември 2018 година, среде кризата со „жолтите елеци”, пред да започне постепено искачување и стабилизирање во последните месеци на 33% и 34%.

Популарноста на премиерот Едуард Филип е исто така намалена за три поени, од 36 на 33%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот