ЕМА во среда или четврток ќе го изнесе ставот за повраноста помеѓу вакцината на „Астра-Зенека“ и згрутчувањето на крвта

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Според информации објавени во неколку медиуми, Европската агенција за лекови, ЕМА, би требало да се произнесе за поврзаноста помеѓу вакцината „Астра-Зенека“ и згрутчувањето на крвта в среда или четврток.

Иако првично ЕМА не утврди поврзаност, шефот на вакцинацијата во оваа агенција во интервју во Италија денеска изјави дека сепак постои поврзаност со тромбозите забележени во бројни земји кои ја користат оваа вакцина.

Висок функционер на ЕМА: Постои поврзаност меѓу крвните згрутчувања и вакцината на „Астра-Зенека“

Комитетот за безбедноста на агенцијата сѐ уште истражува и анализира и за сега не е постигнат конечен став, но оттаму велат дека во среда или четврток може да се очекува заклучна експертска одлука на оваа тема.

Во меѓувреме бројни земји во ЕУ ја суспендираа вакцинацијата со „Астра-Зенека“ за лица под 55-годишна возраст. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот