Ема Стоун ја откажа венчавката поради коронавирусот

Instagram
Instagram

Пандемијата од коронавирусот никого не штеди. Помеѓу илјадниците заразени има и многу светски ѕвезди. За среќа, популарната актерка Ема Стоун не спаѓа меѓу заболените од вирусот. Но ковид -19 и ги промени големите планови, како на многу, така и нејзе. Оскаровката е принудена венчавката да ја откаже и да ја одложи за кога ќе се стабилизира ситуацијата.

На популарниот пар, продуцентот Дејви Макариј и актерката Ема Стоун, лекарите им препорачале да ја одложат свечената церемонија заради неможноста повеќе луѓе да присуствуваат во затворена просторија. Тоа е единствен начин да се спречи ширењето на болеста.

Очекуваме нов датум за венчавка на овој пар.

Како за потсетување, Ема и Дејв се запознале во декември 2016 година на снимањето на емисијата „Сабота навечер во живо“, во продукција на Макариј. После состанокот, тие не сакале да ја потврдат врската, а во јануари 2019 година за првпат се појавија заедно на јавна свеченост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот