ЕМА следната недела ќе даде мислење за вакцината на „Џонсон и Џонсон“, дотогаш нема ограничувања

Фото: EPA-EFE/Szilard Koszticsak HUNGARY OUT

Европската агенција за лекови (ЕМА) планира следната недела да издаде мислење за случаи на згрутчување на крвта кои можат да бидат поврзани со вакцината против коронавирус на Џонсон и Џонсон, јави ДПА.

„Ревизијата ќе биде забрзана”, соопшти денеска агенцијата во Амстердам. Додека не се донесе одлуката, вакцината може да продолжи да се користи без ограничувања.

ЕМА повтори дека „придобивките од вакцината за спречување на Ковид-19″ ги надминуваат ризиците од несакани ефекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот