Ема Робертс откри дека е среќна што нема да роди девојче

instagram

Актерката Ема Робертс во нејзното најново интервју за магазинот „Glamour“ откри зошто е среќна со фактот дека чека син. Веста дека познатата актерка е бремена одекна во странските медиуми кон крајот на јуни, но Ема овие гласини ги потврди дури два месеци подоцна.

Instagram

Набргу потоа, таа на својот Инстаграм профил им се пофали на своите обожаватели и следбеници со фотографија од трудничкиот стомак потврдувајќи ја веста дека со нејзиното момче Гаред Хедлунд (36) ќе станат родители. За кратко време фотографијата заработи повеќе од милион лајкови.

Робертс откри дека е среќна што носи момче, а не девојче објаснувајќи ја едноставната причина за тоа.

Instagram

Се обидувам да не купам еден тон робати затоа што обожавам шопинг. Сè што можам да кажам е фала му на Бога што немам девојче затоа што ситуацијата со облеката едноставно би била луда“, призна Робертс.

Покрај тоа, таа во интервјуто откри и за желбата за одредена храна во текот на бременоста, поради што сладоледот и популарните мафини често се наоѓале на нејзиното мени.

Instagram

Актерката се осврна и на сегашната ситуација со пандемијата на коронавирус.

Instagram

Навистина интересно време во светот да се биде бремена. Дефинитивно предизвика многу интроспекција, но мислам дека беше неверојатно навистина да седам сама со себе и да се свртам кон себе на начин што никогаш порано не сум го направила и да бидам мирна. Тоа беше навистина убаво и се чувствував навистина благодарно што успеав да го сторам тоа“, изјави Робертс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот