ЕМА: Регистрирани се 415 можни случаи на згрутчување на крвта по вакцинирањето

Фото: Профимедиа

Европската агенција за лекови (ЕМА) денес објави дека добила извештаи за 415 можни случаи на згрутчување на крвта со мал број на тромбоцити во рамките на Европската економска област (ЕЕА), при што повеќе од 50 милиони луѓе ја примиле вакцината на „Астра-Зенека“ и „Џонсон и Џонсон“.

„Има 10 можни случаи меѓу нешто помалку од 6 милиони луѓе кои примиле вакцина „Џонсон и Џонсон“ и 405 случаи меѓу 45 милиони кои примиле вакцина „Астра-Зенека“, рече Георги Генов од Европската агенција за лекови, пренесе Ројтерс.

Видео на денот