ЕМА објаснува: Ако некој умрел по вакцинирањето не значи дека умрел од вакцината
Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска на својата редовна конференција зборуваше за вакцините и лековите против ковид-19.
-Сите четири вакцини кои ги одобри Европската унија (оние на компаниите Фајзер, Модерна, АстраЗенека и Џонсон и Џонсон) штитат од соевите кои моментално циркулираат, односно штитат од тешки облици на заболување и хоспитализација, соопштија од ЕМА.
Оваа Агенција продолжува континуирано да ги следи мутациите на вирусот и нивното влијание врз ефикасноста на вакцините. Предупреди дека, со оглед на тоа што брзо се шири делта варијантата, од исклучителна важност е да бидат вакцинирано што е можно повеќе луѓе.
Прелиминарните податоци покажуваат дека е потребно да се примат двете дози од вакцините за да се постигне соодветна заштита од делта сојот.
Од ЕМА наведуваат дека здравствените работници и оние кои се вакцинираат со вакцините Comirnaty и Spikevax (на Фајзер и Модерна) треба да бидат свесни дека постои можност од развој на симптоми на миокардитис и перикардитис. Според достапните податоци, тие симптоми се обично блади и после одмор и лекување доаѓа до подобрување на здравствената состојба.
-Фактот дека некој имал здравствени проблеми или починал по вакцинирањето не мора нужно да значи дека причина за смртта е вакцината, наведува ЕМА. Причина за тоа може да бидат некои здравствени проблеми кои не се врзани со вакцинирањето.
ЕМА и државите членки на ЕУ континуирано ги надгледуваат извештаите за нуспојавите по вакцинирањето за да се откријат евентуално новите безбедносни проблеми.
-Потребно се делотворни методи за лекување на заболените од ковид-19 за да ги спасиме нивните животи и за да ја ставиме под контрола пандемијата. ЕМА моментално ја проценува употребата на Олумиант кај хоспитализираните пациенти на кои имаат потреба од кислородна поддршка, соопштија од ЕМА, додавајќи дека се следат резултатите од примената на четири третмани со моноклонски антитела и нивните комбинации.
Од Агенцијата наведуваат дека се разгледува барањето за проширување на примената на вакцината Спајквакс (Модерна) на помлади лица, на возраст од 12 до 17 години, и дека се очекува заклучокот за тоа да биде донесен во текот на идната недела.