8 C
Скопје

ЕМА на 11 март ќе одлучува за употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон” во ЕУ

Европската агенција за лекови (ЕМА) планира на 11 март да одлучува дали ќе ја дозволи употребата на вакцината против ковид-19 на американскиот фармацевтски производител „Џонсон и Џонсон” на територијата на ЕУ, соопшти Агенцијата денеска, пренесе ДПА.

Комитетот за лекови на ЕМА се очекува на вонреден состанок да ја одобри вакцината за употреба во Европската унија, додава германската агенција.

Европската комисија потоа ќе треба да го одобри чекорот на ЕМА, но ова се чини ќе биде формалност што може да се случи уште истиот ден.

Експертите за ЕМА веќе ги разгледуваат податоците на компанијата добиени од испитувањата и студиите. САД изминатиот викенд веќе ја одобрија вакцината за употреба на нивна територија.

Прочитајте и...  ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против Џафери и двајцата пратеници за прекршување за Кривичниот законик

Вакцината е развиена од компанијата „Јансен” во Холандија, инаку фирма ќерка на „Џонсон и Џонсон”. За разлика од другите вакцини, за оваа е потребна само една доза, пренесува ДПА.

Досега во ЕУ за употреба се одобрени три вакцини: на „Модерна” , на „Фајзер” и на „АстраЗенека”.

Поврзани вести

ВИДЕО I Русија ја активира северната флота: Целта е да се заземат стратешките точки на Арктикот по секоја цена

Слободен печат

Повторно се тресеше Хрватска: Земјотрес е забележан и во Словенија

Слободен печат

ВИДЕО I Заврши судењето за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд: Војска и хеликоптери низ улиците на САД, Дерек Шовин е виновен

Слободен печат

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: 12-годишно девојче oд Велес, брутално нападнато од својата врсничка додека останатите гледаат и снимаат со телефон

Слободен печат

Кинеската вакцина е 93 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација: Не е забележам ниту еден смртен случај

Слободен печат

Вработен во казино играл со пари што ги извадил од апарати, „се покрил“ со 5.000 службени евра

Слободен печат

Остави Коментар