Елтон Џон си доби своја Барби: Самиот го осмислил нејзиниот изглед

Profimedia

Легендарниот Елтон Џон доби сопствена барбика. Куклата има долга, бујна виткана коса и очила слични на оние што ги носи Елтон Џон. Нејзиниот стајлинг вклучува јакна на која пишува „Елтон“, а панталоните имаат иницијали на пејачот.

Instagram

„Ова за мене е исклучителна чест, да добијам своја кукличка. Барби секогаш беше модна икона, а со неа сигурно ќе си играат и идните генерации“, рече Елтон Џон на претставувањето на барбиката.

Музичарот соработувал со творците на куклата, а најтешко му било да ги избере очилата кои ќе ја красат русокосата икона.

Имам многу очила. Навистина премногу, мислам дека во текот на животот сум собрал околу 20.000 парчиња. Мислам дека на крај добро одбрав, да го имаат мојот жар“, рече Елтон, кој го осмислил целиот стајлинг на барбиката.

Цената на куклата е околу 40 евра.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот