Елтон Џон: Носев пелени на концерт, мокрев во гаќи!

EPA EFE
Фото: EPA

Британскиот музичар Елтон Џон (72) неодамна го одложи концертот во Орландо поради инфекција на увото и сосема е нормално што постапил така.

Тој некогаш трпел и многу полоши работи.

Џон признал дека во 2017 година на концертот во Лас Вегас морал да носи пелени.

– Ех, да знаеа луѓето во публиката тогаш дека уринирам во гаќи – се пошегувал музичарот.

Профимедиа

Да се потсетиме, неодама Елтон ја објави својата биографија која предизвика голем интерес во јавноста. Брутално искрен, тој откри дека неговата мајка била тежок социопат и насилно чудовиште.

Покрај тоа што зборува за своето бурно минато, тој откри и некои детали од животите на познатите колеги.

Бог знае што се случувало во неговата глава и Бог знае со колку и какви лекови се полнеше, открива бротанскиот музичар во својата биографија за познатиот пејач Мајкл Џексон. Елтон тврди дека Џексон бил психички болна личност, објаснувајќи како било „тешко да се дружиш со него“.

Профимедиа

Исто така, Елтон ја обвини пејачката Мадона дека била многу нељубезна и злобна кон колешката Лејди Гага. Тој се потсетил на интервју од 2012 година, во која Мадона ја оцрнила Лејди поради песната „Born this way“, бидејќи звучела слично како нејзиниот хит „Express Yourself“ од 1989 година. Тој ја нарече Мадона евтина стриптизета“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот