Елмас за 20 милиони евра во дресот на Бенфика?

елиф елмас
Елиф Елмас еден од клучните фудбалери на Наполи/Неапол, Италија/Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Македонскиот репрезентативец би можел да го напушти Наполи, и како што информираат медиумите од Неапол можно е да го облече дресот на Бенфика.

Португалците нудат 20 милиони евра за услугите на Елиф Елмас, според новинарот Емануеле Камарато во изјава за „Наполи магазин“, па останува да се види дали калчолигашот ќе ја прифати понудата во текот на летниот период.

Нашиот играч има важечки договор со италијанскиот клуб до 30 јуни 2025 година и моментно според „Трансфермаркт“ вреди 18 милиони евра.

Елмас ја игра втората сезона во Наполи, во тековниот шампионат од Серија А има 21 настап и два голови.

Наполи најавува сериозни промени, не се задоволни од Елмас како се интегрираше во тимот, а не се задоволни и ид неговиот учинок и затоа можна е разделба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот