Елмас во новата сезона со нов број, ја „лапна“ седумката на Каљехон

фото: твитер

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во втората сезона како член на Наполи ќе игра со нов број на дресот.

Елмас во минатата сезона настапуваше со бројот 12, а во новата сезона ќе ја носи седумката.

Елиф Елмас

Дресот со број седум досега во Наполи го носеше Шпанецот Хозе Каљехон, но тој летово си замина по што Елмас одлучи да го зеде неговиот број.
Новата сезона во Серија А започнува викендов, а Наполи во првото коло в недела ќе и гостува на екипата на Парма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот