Елмас во конкуренција за наградата „Златно момче“

EPA-EFE/SEDAT SUNA

Македонскиот фудбалски бисер, Елиф Елмас е номиниран за престижното признание за млади фудбалери во Европа, „Златно момче“ за 2019 година.

Фудбалерот на Фенербахче и на македонската репрезентација Елиф Елмас, кој викендов се очекува да потпише за вицешампионот во Серија А, Наполи, е во конкуренција за наградата за најдобар млад играч во Европа. Покрај Елмас, на листата номинирани се наоѓаат уште 80 најдобри млади фудбалери кои играат во Европа, а меѓу најзвучните имиња се тие на Матијс Де Лихт, Френки де Јонг, Жоао Феликс, Џанлуиџи Донарума, ….
Наградата „Златно момче“ ја воведе италијански „Тутоспорт“ во 2003 година и во изборот гласаат најугледните спортски весници. Досега добитници на ова признание биле и Лионел Меси, Серхио Агуеро, Пол Погба, Килијан Мбапе и Матијс Де Лихт минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот