Елмас во дресот на Наполи (ВИДЕО)

Фото: corrieredellosport.it

Македонскиот репрезентативец Елмас наскоро треба да биде официјализиран како нов фудбалер на италијанскиот фудбалски вицешампион Наполи.

Фенербахче го потврди трансферот на нашиот играч, а и италијанските медиуми претходно ги најавија лекарските прегледи во римската клиника „Вила Стуарт“.

Карло Анчелоти го очекува во летните подготовки за новата сезона, ова е голем чекор за „Дијамантот“ и секако важен во уште поголем развој како професионален фудбалер.

Секако и многу битно за селекторот Игор Ангеловски пред следните репрезентативни обврски во квалификациите за ЕП 2020.

Се очекува според најавите да потпише договор на пет години и има годишна заработка од 1,5 милион евра во клубот од „Сан Паоло“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот