Елмас тренира во Мајами за дуелите со Барса (ФОТО)

Елмас ќе добие уште повеќе на искуство доколку добие и минутажа против еден од најсилните фудбалски клубови во светот, Барса.

Првиот од двата контролни мечеви меѓу Наполи и Барселона е закажана за в четврток на „Хард Рок“ стадионот каде што се одработија првите тренинзи.

Тренерот Карло Анчелоти во составот сега ги има на располагање уште Алан и голманот Оспина.

Во составот е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој блескаше против Марсеј, а сега би требало да добие минутажа и против шпанскиот шампион.

Во досегашните контролни мечеви летово Наполи триумфираше над Марсеј (1:0), Ливерпул (3:0) и ФералпиСало (5:0), ремизираше со Кремонезе (3:3), а загуби од Беневенто (1:2).

Новата сезона во италијанската Серија А за „наполитанците“ ќе стартува на 24 август на гостувањето кај Фиорентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот