Елмас со гол ја заврши сезоната во Турција (ВИДЕО)

EPA-EFE/SEDAT SUNA

Елиф Елмас, македонскиот репрезентативец на најубав можен начин ја заврши сезоната во турскиот шампионат, со гол за својот Фенербахче.  Бисерот на македонскиот фудбал го постигна вториот гол за својот тим во победата од 3:1 над Анталијаспор.

Ова беше четврти гол за Елмас во дресот на Фенербахче сезонава со што само ја крева вредноста на трансфер пазарот.

За очекување е Елмас во текот на летниот преоден рок да го напушти турскиот великан со оглед дека за неговите услуги има голем број на заинтересирани екипи меѓу кои се и Манчестер јунајтед, Тотенхем, Атлетико Мадрид, Лацио, Фиорентина, Интер, Борусија Дортмунд…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот