Елмас сепак од клупата ќе го започне дуелот против Барселона

epa07889743 Genk's Ianis Hagi (L) in action against Napoli's Elijf Elmas (R) during the UEFA Europa League Group E soccer match between KRC Genk and SSC Napoli at Luminus Arena in Genk, Belgium, 02 October 2019. EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не се најде во стартниот тим на Наполи кој од 21. часот ќе истрча на „Камп Ноу“ на дуелот против Барселона во реванш осминафиналниот од ЛШ. Првата пресметка пред пет месеци во Неапол заврши без победник 1:1.


Тренерот Џенаро Гатузо одлучи да ризикува со Лоренцо Инсиње кој се жалеше на повреда и беше неизвесен за вечерашниот дуел.
Покрај Инсиње, од првата минута за Наполи ќе настапат и Оспина, Ди Лоренцо, Манолас, Кулибали, Марио Руи, Фабијан, Деме, Зјелински, Каљехон и Мертенс.


Барселона ќе настапи со речиси најсилниот тим во отсуство на повредените Умтити, Бускетс, Видал и Дембеле, а тоа се Тер Штеген, Семедо, Пике, Ракитиќ, Суарез, Меси, Ленгле, Гризман, Алба, Серхи Роберто и Де Јонг.

Во последното осминафинале Баерн Минхен на „Алијанц“ Арената го пречекува десеткуваниот Челси и со залиха од 3:0 од првиот натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот