Елмас се прости од Анчелоти: Ми беше чест што ми бевте тренер

twitter.com/en_sscnapoli

Наполи денеска му врачи отказ на Карло Анчелоти иако вчера екипата оствари убедлив триумф над Генк и се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите. Речиси сите фудбалери се простија од Анчелоти, а исклучот не беше ниту македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.

„Господине ви благодарам за се што направивте за мене. Ми беше задоволство да работам со вас и да ми бидете тренер. Ви посакувам се најдобро во кариерата“, напиша Елмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот