Елмас сè почесто на клупата, Наполи „тоне“, солзи на „Сан Паоло“ (ВИДЕО)

фото: твитер

Македонскиот репрезентативец иако настапи цел меч во купот, повторно остана без никаква минутажа од Гатузо и од клупата гледаше ново разочарување.

„Наполитанците“ предводени од тренерот Џенаро Гатузо влегуваат во нова серија на лоши резултати сезонава во италијанската фудбалска Серија А. Денеска пред своите навивачи на стадионот „Сан Паоло“ екипата на Наполи загуби и од Фиорентина со резултат 0:2 (0:1) за вкупно осми пораз во шампионатот.

После првото полувреме водеа „виолетовите“ со погодокот на Киеза, а конечниот епилог го постави српскиот интернационалец Влаховиќ во 74. минута од средбата.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас иако одигра цел меч во купот против Перуџа, сега повторно остана без никаква минутажа од Гатузо и од клупата за резерви го гледаше новото разочарување на неговиот клуб.

Ова е веќе трет пораз во низа за фудбалерите на Наполи, навивачите во солзи, не можат да сфатат што се случува со клубот кој до лани беше „страв и трепет“ за секоја екипа.

Моментно тимот е дури на 12. позиција со 24 бодови, а во наредното коло на 26 јануари го очекува тежок предизвик против актуелниот бранител на титулата, Јувентус кој моментно води во генералниот пласман (48).

Во претходните две средби од саботната програма, Сасуоло со 2:1 беше подобар од Торино, а Лацио ја продолжи фантастичната серија со „петардата“ (5:1) против Сампдорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот