Елмас: Сакам да ја завршам мојата кариера во Турција

фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Еден од најдобрите македонски репрезентативци е во Анталија со Наполи кој се подготвува за новите натпревари оваа сезона, а тие ќе продолжат на почетокот од новата 2023 година.

Елиф Елмас во интервјуто за турскиот портал „ДХА“ зборува за амбициите на италијанскиот клуб.

Моментно во шампионатите, во италијанската Серија А Наполи е лидер со 41 бод по 15 кола, осум повеќе од второпласираниот Милан, а во турската Супер лига Фенербахче по 13 кола е првопласиран со 29 бодови, два повеќе од Галатасарај на втората позиција.

– Се надевам дека Фенербахче ќе биде шампион оваа сезона. Шампиони и Фенербахче и Наполи сезонава? Тоа би било одлично. Во Неапол играме добри натпревари и во Лигата на шампионите. Во Серија А победивме на 13 натпревари и двапати ремизиравме (без пораз). Во моментов ни оди одлично, но мораме да гледаме напред и да не застануваме. Сакаме да го продолжиме патот и во Лигата на шампионите. Имаме големи цели – вели Елмас.

Во ЛШ во осминафиналето „наполитанците“ на 21 февруари и 15 март 2023 година ќе ги одмерат силите против Ајнтрахт Франкфурт.

– Навивачите на Фенербахче се фантастични, како оние на Наполи. Ја сакам Турција и размислувам да дојдам да живеам овде. Сакам да ја завршам кариерата во оваа земја – се зборовите на нашиот фудбалски „дијамант“.

Од 18.45 часот денеска Наполи ќе игра контролен натпревар против Анталијаспор, а четири дена подоцна составот на Лучано Спалети ќе тестира и против англискиот Кристал палас.

Македонскиот репрезентативец Чурлинов им се врати на тренинзите во Барнли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот