Елмас против тимот кој пет месеци не знае за пораз!

facebook.com/SSCNapoli/

Денеска тренерот Џенаро Гатузо го објави списокот на играчи на кои ќе смета за утрешниот натпревар во рамките од 29 коло во Серија А.

„Наполитанците“ ќе патуваат во Бергамо со следниот состав: Мерет, Оспина, Карнезис, Марио Руи, Луперто, Максимовиќ, Ди Лоренцо, Хисај, Кулибали, Гулам, Манолас, Деме, Фабиан, Елмас, Зиелински, Лоботка, Каљехон, Лозано, Мертенс, Политано, Инсиње, Амин, Милик.

Останува да се види дали на ова гостување македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе започне од првата минута или ќе чека шанса од клупата.

Следен противник на клубот од „Сан Паоло“ е Аталанта која не знае за пораз во најсилното италијанско првенство од 20 јануари годинава кога изненадувачки на домашен терен загуби од Спал (1:2).

Оттогаш па досега Аталанта е во страшна серија од девет победи по ред, вклучувајќи ги и мечевите од Лигата на шампионите и една пријателска средба. Моментно на табелата е на четвртото место со 57 бодови и е на добар пат и следната сезона да игра во групите на ЛШ.

Но, и шестопласираниот Наполи покажува одлични игри во првенството има пет триумфи во низа, последен пат загуби на 9 февруари дома од Лече (2:3).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот