Елмас пред трансфер во европскиот вицешампион – Слободен печат
СпортФудбал

Елмас пред трансфер во европскиот вицешампион

Македонскиот репрезентативец се чини дека ќе заврши во редовите на европскиот вицешампион кој досега ја испрати најбогатата понуда.

Еден од најбараните фудбалери во летниот преоден рок ќе биде и македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас. Македонскиот бисер имаше одлична сезона во Фенербахче, по што дел од најголемите екипи почнаа да доставуваат официјални понуди.

Последната понуда, за која турските медиуми објавуваат дека е прифатлива за Фенербахче, дојде од европскиот вицешампион, Тотенхем.

Анлискиот тим понуди 19 милиони евра (17 милиони фунти) плус го нуди Винсент Јансен за услугите на Елиф Елмас.Оваа понуда е за пет милиони евра потешка од таа на шпанскиот Атлетико Мадрид кој чија понуда е и Никола Калиниќ.

Покрај Тотенхем, Атлетико Мадрид, голем интерес за услугите на македонскиот репрезентативец пројавија уште и Интер, Борусија Дортмунд, Зенит, Наполи, Севиља, ПСВ Ајндховен…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close