Елмас потпишува нов договор со поголема плата?

Maкедонскиот репрезентативец, Елиф Елмас е на добар пат со Наполи да го освои Скудетото во Серија А, иако влегува од клупата за резерви Елмас има солидна сезона со шест гола и две асистенции. Со овие шест гола ова е и неговата најефикасна сезона откако е во Наполи.
Само Осимен и Кварацхелија имаат постигнато повеќе голови од Македонецот. Според последните информации од Италија, Наполи е задоволен од неговите настапи и веќе започнал преговори за продолжување на соработката.
Актуелниот договор на Елмас истекува 2025 години и Наполи сака да го задржи „дијамантот“ и по таа година. Претходно договорот го продолжи Камерунецот, Агниса, па Елмас треба да е следниот.
Во овој момент македонскиот „дијамант“ има плата од 1.5 милиони евра по сезона, а со новиот договор би добил зголемување, што е доказ дека во Неапол го ценат неговиот квалитет.
Во Наполи, Елмас пристигна во 2019 година кога за сума од 16 милиони евра од редовите на Фенербахче и тоа по барање на италијанскиот стратег, Карло Анчелоти кој во тоа време беше тренер на клубот од Неапол.