Елмас останува без тренер, прв кикс на Наполи и Анчелоти ќе лета од клупата?

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, наскоро ќе остане без тренер, јавуваат италијанските медиуми. По неделниот пораз од Болоња во Серија А, Карло Анчелоти ја однесе екипата во карантин и доколку не оствари триумф над Удинезе во идното коло и евентуално против Генк во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, тогаш и дефинитивно ќе добие отказ.

Според медиумите од Неапол, Анчелоти ја загуби поддршката во соблекувалната, а бидејќи Наполи заостанува дури 17 бодови зад лидерот на табелата, Интер, претседателот на клубот сака што побрзо да го смени искусниот стратег.

Како идно решение за клупата на Наполи и нов тренер на Елмас, се споменува Џенаро Гатузо кој е добар пријател со претседателот Аурелио Де Лаурентис, и е тренерот кој со својот авторитет може да ги смири страстите во соблекувалната. Наполи има конкуренција во Фиорентина која исто така е заинтересирана за Гатузо. Второ фаворит е Де Бјаси но тој би привремено решение до крајот на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот